Бегна, Бајна или Бања (, Агиос Спиридонас; до 1926 г. Μπέγνα, БегнаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέγνα - Άγιος Σπυρίδων) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба Остатоците од селото се сместени на северозападниот брег на Островското Езеро, јужно од Чеган, во чиј атар се наоѓало.
Историја Селото се распаднало на почетокот на XIX век поради зулумите на разбојничките банди, а населеието пребегнало да живее претежно во Острово, Чеган и Пателе. Доста подоцна, жителите на Чеган тука изградиле колиби за да можат да ги користат имотите.
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Баината како македонско село.нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политикаГригоровичъ, Викторъ. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 92. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Бегна (Bégna) имало 28 домаќинства и 103 жители Македонци муслимани.означувајќи ги како „Помаци“ согласно бугарското гледиште„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Бања (Бајна) живееле 84 Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 149.
Во 1913 г. се споменува дека местото има 48 жители. Во 1920 г. не се води како населено место, но во 1928 г. се заведени 25 жители, кои всушност се жители на Чеган. Подоцна селото конечно престанало да се води како населено место, иако жителите на Чеган и понатаму ги користеле колибите за земјоделски активности.
Во 1926 г. местото е преименувано во Агиос Спиридон по старата селска црква „Св. Спиридон“
Наводи
Категорија:Историски села во Воден