мини|Streets of Rage 2 е популарна игра во жанрот beat ’em up од златната доба.|322x322px Beat ’em upДруги варијанти: Beat ’em all и brawler. (македонски: Претепај ги сите) — жанр компјутерски игри, чија главна одлика е ракопашната борба на главниот херој против голем број непријатели. По правило, дејството во овие игри се одвива во градска средина, а дејството се заснова на теми како борба против злосторништвото или одмазда; меѓутоа, постојат и игри со историска, научнофантастична или фантастична тематика. Традиционалните игри од овој жанр се странични скролери (или сајд-скролер) во рамките на двомерни нивоа, додека подоцнежните игри преминале во поотворено тримерно опкружување со уште поголем број непријатели.
Препознатлива страна на овие игри е нивниот прилично едноставен играчки процес, што често е предмет на критички забелешки, па дури и на потсмев. Исто така, како карактеристична одлика на жанрот може да се издвојат кооперативниот повеќеиграчки режим и присуството на бројни ликови со кои може да се игра.
Првите значајни игри во овој жанр биле Kung-Fu Master во 1984 г. и Renegade во 1986 г., во кои се користи урбанистичка средина и приказна за одмазда кон злосторничкото подземје — елементи што подоцна станале вообичаена појава. Жанрот ја доживеал својата најголема популарност по излегувањето на Double Dragon во 1987 г., која го определила кооперативниот повеќеиграчки режим како главен елемент, па сѐ до појавата на Street Fighter II во 1991 г., која го привлекла вниманието на играчите кон жанрот на боречки игри. Игрите како Streets of Rage 2, Final Fight и Golden Axe, кои се појавиле во тоа време, станале класици во овој жанр. Популарноста на ваквите наслови опаднала со појавата на масовните 3D-игри, но дури и денес во овој жанр се појавуваат нови игри изведени во обемни тримерни опкружувања.
Определба „Претепај ги сите“ (понекогаш и „тепачки“) се акциони игри во кои играчот мора да се бори против голем број непријатели во ракопашна борба, било со голи раце или вооружен со ладно оружје.Thomas, Lucas M., Justice League Heroes: The Flash , Yahoo! Games, 27 октомври 2007Navarro, Alex, Final Fight Review, GameSpot, 10 мај 2007 Играчот мора да помине низ нивото, кое по правило е поделено на секции, при што за преминување во следната секција е неопходно да се уништи група непријатели. На крајот од секое ниво, играчот обично мора да се бори со бос. Меѓутоа, кај верзиите на овие игри за аркадните автомати, обично е значително потешко да се постигне успех, што го принудува играчот да троши повеќе средства на играта.
Жанрот „избиј ги сите“ е поврзан (но не се меша) со жанрот на боречки игри, кој се заснова на меѓусебен двобој на играчите, а не на движење низ нивото и мноштво противници. Меѓутоа, коментаторите обично не ја земаат предвид оваа терминолошка разлика, мешајќи ги жанровите. Своевремено, поимите и определбите на овие жанрови биле подложени на заемно влијание, па затоа подеднакво добро се разбираат од страна на обожавателите на двата жанра. Уште повеќе, понекогаш во една иста игра можат да бидат претставени двата типа на играчки процеси.
На почетокот на 1980-тите години во Обединетото Кралство, списанијата за компјутерски игри од типот на Mean Machines или Computer and Video Games ги опишувале сите игри со тепање со поимот beat ’em up, вклучувајќи ги и игрите од жанрот на боречки игри. Арно ама, и во оваа преса се нагласувала разликата преку дополнителен збор, па така игрите како Double Dragon или Final Fight се нарекувале „beat ’em up со странично движење“ (англ. scrolling beat ’em ups), додека игрите во духот на Street Fighter II или Mortal Kombat биле опишувани како „еден на еден beat ’em up“ (англ. one on one beat ’em up).
Наводи
Надворешни врски Genre: Beat 'em up / Brawler
Категорија:Жанрови на видеоигри