Хондурашки институт за антропологија и историја (шпански: Instituto Hondureño de Antropología e Historia, IHAH) ― хондурашка владина установа.
Тој бил основан на 22 јули 1952 година, со Уредба бр. 24, првично под името Национален институт за антропологија и историја, под владата на д-р Хуан Мануел Галвез.
Во 1968 година, со Уредба бр. 118, било променето името во Хондурашки институт за антропологија и историја, со што била променета неговата административна автономија, правен субјективитет и сопствено наследство.
Хондурашкиот институт за антропологија и историја ги има следниве одделенија:
Оддел за антрополошки истражувања Оддел за историски истражувања Оддел за музеи Оддел за реставрација Оддел за заштита на културното наследство
Наводи
Надворешни врски
Службено мрежно место
Категорија:Историја на Хондурас Категорија:Мезоамериканистика Категорија:Појавено во 1952 година во Хондурас Категорија:Институти во Хондурас Категорија:Координати кои не се на Википодатоците