Проектот Очајнички обид () — американски научнофантастичен авантуристички филм од 2026 г., произведен и режиран од Фил Лорд и Кристофер Милер, а напишан од Дру Годард. Филмот е заснован на истоимениот роман од 2021 г. на Енди Вир. Главните улоги ги толкуваат Рајан Гослинг (кој е и продуцент заедно со Вир), Зандра Хилер, Џејмс Ортиз и Лајонел Бојс. Приказната го следи Рајленд Грејс, човек што се буди на меѓуѕвездено вселенско летало без никакви спомени за тоа како стигнал таму.
Филмот премиерно бил прикажан во Лондон на 9 март 2026 г., во САД бил објавен од страна на Amazon MGM Studios на 20 март 2026 г., а во Македонија бил објавен на 19 март истата година. Филмот добил потврдни одзиви и заработил 164 милиони долари, станувајќи осмиот филм со најголема заработка во 2026 г.
Содржина Училишниот професор Рајленд Грејс се буди на меѓуѕвездено вселенско летало, на 12 светлосни години од Сонцето. Постепено му се враќаат спомените и сфаќа дека тој е единствениот преживеан член на екипажот на бродот испратен кон ѕвездата Тау Кит. Претставник е на програмата „Очајнички обид“, чија цел е да го спаси светот од уништување. Космичката „бактерија“ наречена „Астрофаг“ ги заразува ѕвездите и не им дозволува да зрачат енергија. Луѓето откриле дека сите набљудувани ѕвезди во галаксијата се под влијание на оваа бактерија, освен една, па затоа организираат експедиција до неа. Целата надеж на човештвото е во рацете на Рајленд. По патот кон целта, тој се среќава со претставник на вонземјанска цивилизација од ѕвездениот систем 40 Еридан, кој страда од истата неволја. Земјанинот му го дава прекарот Роки, па двајцата заедно мораат да ја исполнат целта на експедицијата.
Улоги
| Рајан Гослинг || Рајленд Грејс |- | Зандра Хилер || Ева Страт |- | Џејмс Ортиз || Роки |- | Лајонел Бојс || Карл |- | Кен Лунг || Јао Ли Џе |- | Милана Вајнтруб || Олесја Иљухина |- | Прија Кансара || Мери (глас) |- | Лиз Кингсман || Ени Шапиро |- | Мија Сотерију || д-р Браун |- | Орион Ли || д-р Ли
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2026 година Категорија:Американски научнофантастични филмови Категорија:Американски 3D-филмови Категорија:Филмови со Рајан Гослинг Категорија:Американски научнофантастични авантуристички филмови