мини|десно|250п|Драгоманци на сојузничка разгледница од Првата светска војна Драгоманци (, Апсалос; до 1926 г. Δραγουμάνιτσα или Δραγομανίτσα, Драгуманица/ДрагоманицаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δραγουμάνιτσα -- Άψαλος) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.121 жител (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.
Географија Селото е сместено во котлината Меглен, на 15 км северно од Воден и 12 км јужно од С’ботско.
Историја Праисторија и антика Во околината на Драгоманци е пронајдена античката населба Апсалос, еден од трите града во Алмопија, заедно со Орма и Европ, спомнати од географот Клавдиј Птоломеј во II век. Праисториските и античките населби се откриени во месностите Јазол (Комвос), Колосек (Грами), Тумба и Врбен. Се смета дека во антиката, населбите околу Драгоманци биле испостави на тврдината над Почеп. Денешното име на селото е преземено од називот на таа стара населба, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Во Отоманското Царство Поголемиот дел од жителите на Драгоманци во дадено време го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Значаен дел од оние кои одбиле да си ја сменат верата постепено се преселиле во Воден и околните македонски села. Доказ за устојчивоста на христијанското население во XIX век е изградбата на црквата „Св. Атанасиј“ во тоа време. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгоманци (Dragomantzi) било село во Воденската Каза со 340 куќи кои се состоеле од и 915 жители муслимани (т.е. Македонци муслимани) и 280 Македонци (христијани).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 – 159.
Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Драгоманци е македонско муслиманско село с машко население од 424 души и 120 домаќинства.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Драгоманци било чисто македонско село, со 220 Македонци-христијани и 1.000 Македонци муслимани.
Христијанското население на Драгоманци потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгоманци (Dragomantzi) имало 120 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191. Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), пред Балканските војни Драгоманце имало 260 куќи на „Турци“ и 10 куќи на Роми.
Во Грција мини|десно|250п|Првата полска болница на Српската армија во Драгоманци за време на Првата светска војна, 1917 г. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.050 жители, кои во 1920 г. биле 1.015. Во 1926 г. селото е преименувано во Апсалос, по античкиот град град, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1920-тите муслиманското македонско население на Драгоманци е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Понд (од Хаџи Осман во Никомидиско, Акдаг Маден во Анкарско и Булгар Маден во јужна Турција), Тракија (од Ексамили на полуостровот Галиполе) и Мала Азија (од Смирненско). Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско со 1.210 дојденски жители (299 семејства). Во 1945 г. во Драгоманци се доселиле и Власи од Епир.
Почнувајќи од 1950-тите селото бежели извесен пад на населението, поради иселување во градовите.
Според истражување од 1993 г. селото е етнички мешано (грчко-влашко), во кое понтскиот грчки и влашкиот се зачувани на средно ниво.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
+ Места во заедницата Драгоманци преименувани со службен указ на 6 август 1969 година Име Име Ново име Ново име Опис Прнаска Παρνάσκα Пурнари Πουρνάρι возвишение на Ј од Драгоманци (304 м) Врбино Βέρμπινον Итија Ίτιά возвишение на ЈИ од Драгоманци (261 м) Почепски Кајнак Καϊνάκι Μαργαρίτας Пиги Маргаритас Πηγή Μαργαρίτας река на С од Драгоманци Албанска Άλμπάνσκα Корифи Κορυφή возвишение на Пајак на ЈИ од Драгоманци, на ЈЗ од Дреново и на И од Врбени Дигника Ντίγνικα Сикомено Σηκωμένο возвишение на Пајак на Ј од Дреново (334,6 м) Чатак Τσατάκ Фурка Φούρκα возвишение на Пајак на ЈИ од Дреново Јазиз Γιαζίζ Агиос Άγιος месност на Пајак на Ј од Дреново Кара Καρά Мавропотамос Μαυροπόταμος името на Мегленица во нејзината клисура на Пајак Чифлик Τσιφλίκι Врахаки Βραχάκι месност на Пајак на И од Драгоманци и на З од Дреново Големишта Γκουλέμαστα Мегали Периохи Μεγάλη Περιοχή месност в Пајак на ЈЗ од Дреново
Население
Стопанство Населението произведува големи количества на десертно грозје, тутун, жито и други земјоделски производи. Мошне развиено е и сточарството, поради непрегледните пасишта околу селото.
Знаменитости Арехеолошки наоѓалишта Врбен — населба од неолитот до доцноримско време Колосек (Грами) — населба од неолитот и антиката Јазол (Комвос) — населба од неолитот и антиката Драгоманска тумба — населба од антиката
Поврзано Меглен Драгоманце (или Драгоманци) — истоимено село во Кумановско
Наводи
Надворешни врски
Прва полска болница во Драгоманци во Првата светска војна — Википедија на српски јазик
Категорија:Меглен