Степени на слобода — број на параметри на еден систем кои се движат (менуваат) независно еден од друг. На пример, точката на една рамнина има два степена на слобода за транслација: нејзините две координати; неинфинитезимален објект на рамнина може да има повеќе степени на слобода поврзан со неговата ориентација.

Во математиката, овој поим е формализиран како димензија на многуобразие или алгебарско многуобразие. Кога се употребува степени на слобода наместо димензија, ова обично значи дека многуобразието што го моделира системот е определено само имплицитно. Погледајте: Степени на слобода (механика) — број на независни движења кои му се допуштени на едно тело или, во случај на механизам направен од неколку тела, број на можни независни релативни движења помеѓу деловите на механизмот Степени на слобода (физика) — поим кој ја објаснува зависноста од параметри, или димензиите на еден фазен простор Степени на слобода (статистика) — бројот на вредности во конечната пресметка на статистика кои слободно може да се разликуваат една од друга Проблем на степени на слобода — проблем со контролирањето на моторното движење со оглед на изобилните степени на слобода

Поврзано Шест степени на слобода

Наводи

Категорија:Димензија Категорија:Статии за широки поими