Фондот за население на Обединетите нации го прогласил 12 октомври 1999 година, како приближен ден на кој светската популација достигнала шест милијарди по раѓањето на Аднан Невиќ, првиот син на Јасминко Мевиќ и Фатима Хелаќ, во Сараево, Босна и Херцеговина."Nević" is a common misspelling of Adnan's name; Bosnian language sources tend to use "Mević". Официјално бил прогласен за Ден на шест милијарди.
Демографите не го прифатиле универзално овој датум како точен. Всушност, постојат последователни истражувања кои го поставуваат денот на шест милијарди поблиску до 18 или 19 јуни 1999 година.
Аднан Мевиќ, роден во Сараево, Босна и Херцеговина, на 12 октомври 1999 година, бил избран од Обединетите нации за симболичен 6 милијардити истовремено жив човек на Земјата. Тој е првиот син на Јасминко Мевиќ и неговата сопруга Фатима Хелаќ. Детето било родено со тежина од 3,5 килограми во болницата Кошево во Сараево. Тој бил прогласен од Фондот за население на Обединетите нации и пречекан од генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, за шест милијардито бебе. Тој е роден на одредениот ден две минути по полноќ.
Поврзано
Светското население Ден на седум милијарди – 31 октомври 2011 година Ден на осум милијарди – 15 ноември 2022 година
Наводи
Категорија:Празници во октомври Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации