Ромскиот образовен фонд (REF) — невладина организација основана во рамките на Декадата за вклучување на Ромите од страна на Фондациите Отворено општество (порано Институт Отворено општество) и Светската банка во 2005 година.
Историја Во јули 2003 година, во Будимпешта се одржала конференцијата „Ромите во ескпандирачка Европа: Предизвици за иднината“, кофинансирана од Институтот Отворено општество. На конференцијата било одлучено да се воспостави Декадата за вклучување на Ромите и Ромскиот образовен фонд.
Случаи на Европскиот суд за човекови права Во 2007 година, истражувањата и набљудувањата на Ромскиот образовен фонд биле цитирани во одлуката за значајниот случај Д. Х и други против Чешка Република, во врска со дискриминацијата на децата Роми во чешкиот образовен систем. REF ја забележале високата инциденца на сместување на деца во специјални училишта во Чешка во споредба со другите земји од Средна и Источна Европа, недостатокот на национална дефиниција за „попреченост“ во земјите во регионот и негативните ефекти на специјалните училишта врз образовните постигнувања.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ромска култура Категорија:Ромски организации Категорија:Образовни организации