Нисија (, Ниси) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 332 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.
Географија и местоположба Селото е сместено околу 8 км северозападно од градот Воден, во подножјето на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 520 м.
Историја Во XIX век Нисија било чисто македонско село во Воденската Каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишува Владово како македонско село.наречено „бугарско“, под влијание на бугарската политика.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.92. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ стои дека во 1873 г. во Нисија (Nissia) било село во Воденската Каза со 45 куќи и вкупно 243 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.156-157.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 340 жители Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.149. Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија,Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.126. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Нисија (Nissia) има 368 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. Нисија влегува во состав на грчката држава, кога имало 353 жители. Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 60 македонски куќи.
Во Втората светска војна Нисија е окупирана од Бугарите и воспоставена е општинска власт. Кај селото воденската чета на бугарската паравоена организација „Охрана“ разбила андартска чета, заробувајќи и погубувајќи го нејзиниот водач, полковникот Куцоќорис.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
Селото прилично настрадало во Граѓанската војна и затоаповеќе семејства пребегале во Р. Македонија.
Население Денес населението на Нисија останува целосно македонско и непроменето.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нисија, во кој тоа е единствено населено место.
Стопанство Главни производи на населението се жито, арпаџик и овошје (јаболка и цреши).
Дел од најплодната земја во полето била неповратно изгубена и населението уште повеќе осиромашено со изградбата на вештачкото Владовско Езеро во 1956 г.
Културни и природни знаменитости „Рождество на Пресвета Богородица“ од 1741 г.
Поврзано Владовско Езеро
Наводи
Категорија:Воден