Епитафот на Сејкилос е старогрчки натпис на кој е зачувана најстарата целосна музичка композиција, заедно со музичка нотација. Обично се датира помеѓу 1 и 2 век н.е. Натписот бил пронајден во 1883 година, исклесан на столб (стела) во античкиот град Тралес (денешен Ајдин во денешна Турција). Стелата содржи две поеми; елегичен дистих и песна со знаци за вокална нотација напишана над зборовите.

Врз основа на структурата и јазикот, артефактот вообичаено се смета дека бил епитаф (натпис на надгробна плоча) создаден од човек по име Сејкилос, и најверојатно посветен на жена по име Евтерпа. Според алтернативно толкување, предложено од Арманд Д'Ангур, натписот не е надгробен, туку станува збор за споменик кој самиот Сејкилос го поставил за ги одбележи своите музички и поетски вештини.

Наводи

Категорија:Старогрчки јазик