Кучешки јазик () — род на растенија со мали цветови од семејството Boraginaceae. Вклучува 81 вид домороден во Евроазија, Африка, Нова Гвинеја и Австралија.

Обичниот кучешки јазик (Cynoglossum officinale) е домороден во Азија, Африка и Европа. Внесен е во Северна Америка и се смета за проблематичен плевел бидејќи неговите чички се лепат за волната на овците и на други животни. Тој исто така е токсичен за говедата и другите животни што пасат поради присуството на пиролизидински алкалоиди, кои кога се проголтани можат да доведат до оштетување на црниот дроб и фотосензитивност кај добитокот.

Опис Кучешките јазици се едногодишни, двегодишни или повеќегодишни тревести растенија. Листовите им се наизменични, копјести. Базалните листови се со подолги дршки. Стеблените листови се со куси дршки или приседнати, често делумно го опфаќаат стеблото. Цветовите обично се без прицветници, собрани во двојни срповидни соцветија. Чашката e петделна, всечена речиси до основата, при образување на плодот малку се зголемува. Венчето е сино, темносино, црвено, црвено-виолетово или виолетово, поретко белузлаво, петделно со куса, цилиндрична или инковидна трубичка и со чиниесто (дисковидно) проширен дел, со 5 лушпи во отворот на венечната трубичка. Има пет прашници, затворени во венечната трубичка. Столпчето eсо главичест жиг. Плодот се распаѓа на 4 едносемени јајцевидни или речиси топчести оревчиња, чија надворешна страна може да биде испупчена или пак сплескана или слабо вдлабната, со задебелен раб.

Видови До јули 2024 година имало 81 прифатен вид од овој род:

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј