Хостел 3 () — американски филм на ужасите од 2011 г. во режија на Скот Шпигел. Ова е третиот и последен дел од трилогијата Хостел. Сценариото е напишано од Мајкл Д. Вајс. Ова е единствениот филм во серијалот во чие производство не учествувал Илај Рот и единствениот дел што немал кинопремиера. Во овој филм, дејството на „Елитниот ловечки клуб“ се сели од Словачка во Лас Вегас.

Содржина Во центарот на приказната се четворица мажи што доаѓаат на ергенска вечер во Лас Вегас. Таму, две девојки ги замамуваат да им се придружат на приватна забава подалеку од главната улица. Кога ќе пристигнат таму, тие со ужас откриваат дека станале дел од изопачена игра со мачење, каде што членовите на „Елитниот ловечки клуб“ го приредуваат најсадистичкото шоу во градот.

Улоги

| Брајан Халисеј || Скот |- | Кип Парду || Картер |- | Џон Хенсли || Џастин |- | Сара Хабел || Кендра |- | Скајлер Стоун || Мајк |- | Зулај Хенао || Ники |- | Томас Кречман || Флеминг |- | Крис Кој || Травис |- | Никола Шкерли || Виктор |- | Евелина Обоза || Анка |- | Кели Тибо || Ејми |- | Дерик Кар || Мосберг |- | Френк Алварес || Меса |- | Тим Холмс || Бердо |- | Бери Ливингстон || докторот |- | Алиша Вела-Бејли || Јапонката

Објавување и критика Филмот бил објавен право на ДВД на 27 декември 2011 г. и добил мешани одзиви од страна на критичарите и публиката. Гледачите ги пофалиле приказната, ликовите и квалитетот на филмот со оглед на тоа што е издаден за домашна употреба, додека критикувани биле визуелните ефекти и слабата поврзаност со претходните два дела.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови од 2011 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови