Мешели (, Кало Неро; до 1926 г. Μεσελή, Месели) — поранешно село во Скечанско, Западна Тракија, на територијата на денешната општина Скеча во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба Селото се наоѓа северозападно од Скеча и Крстополе, југоисточно од Горна Козлуџа, во падините на Западните Родопи, под врвот Амбар Каја (1.441 м), на надморска височина од 570 м.
Историја Во XIX век Мешели било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото селото броело 120 жители, кои во 1920 г. се свеле на 106 лица.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени 28 бегалски семејства (вкупно 115 бегалци) од Понд, така што селото станало чиста бегалска населба. Во 1926 г. селото е преименувано во Кало Неро (Καλό Νερό), во превод „добра вода“.
Во 1940 г. Мешели е регистрирано со 64 жители. Бидејќи настрадало за време Граѓанската војна (1946–1949) и подоцна не било обновено, селото било избришано од евиденција.
Наводи
Забелешки
Категорија:Историски села во Скеча