Џон Квинси Адамс () ( – ) бил дипломат, политичар и шестиот претседател на САД (4 март 1825 - 4 март 1829). Членувал во Федералистите, Демократ-Републиканците, Национал-Републиканците, а подоцна и во Анти-Масоните. Адамс бил син на американскиот претседател Џон Адамс и Абгејл Адамс. Тој бил еден од најпознатите дипломатиBemis John Quincy Adams and the Union (1956), учесник во многу меѓународни преговори и застапник на Монровата доктрина.

За време на неговото владеење предложил програм за модернизација и напредок во образованието, но предлогот не поминал на Конгресот. Подоцна, како конгресмен бил еден од главните противници на ропството, политика која што подоцна ја следел Абрахам Линколн.

Наводи

Поврзано Список на претседатели на САД

Категорија:Претседатели на САД Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Родени во 1767 година Категорија:Починати во 1848 година Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките