Домаќин (, ) — јужнокорејски филм од 2006 г. за едно чудовиште. Содржи елементи на ужаси и драма. Режисер и еден од сценаристите на филмот е Понг Џун Хо.

Филмот претставува блокбастер што содржи политички поттекст поврзан со присуството на американските воени сили во Кореја.

По успехот на претходниот филм на режисерот, Спомени од убиство (88 % на Rotten Tomatoes, со оценка 8,1 на 193-то место на 250 најдобри филма според IMDb), Домаќин бил очекуван со огромен интерес. Филмот бил прикажан на рекорден број екрани во Јужна Кореја на 27 јули 2006 г., а до крајот на прикажувањето го погледнале 13 милиони гледачи, станувајќи најкасовиот јужнокорејски филм до тој миг.The Chosun Ilbo: 'The Host' Stomps to All-Time Box Office Record.

Содржина Американска воена база во Јонгсан испушта токсични хемикалии во одводот на реката Хан под непосредна наредба на надмен патолог на американската војска. Шест години подоцна, мутирано чудовиште во облик на лигна излегува од водата и ги напаѓа луѓето покрај брегот на реката.

Улоги

| Сонг Канг Хо || Парк Ганг Ту |- | Ко А Сунг || Парк Хјун Со |- | Пјун Хи Понг || Парк Хи Понг |- | Парк Хе Ил || Парк Нам Ил |- | Пе Дуна || Парк Нам Џу |- | Ли Донг Хо || Се Џу

Наводи

Надворешни врски Матична страница

Категорија:Јужнокорејски филмови Категорија:Филмови од 2006 година Категорија:Филмови на корејски јазик