„Книги наспроти цигари“ — есеј објавен во 1946 година од англискиот автор, Џорџ Орвел. Во него се споредуваат трошоците при читање книги со други форми на рекреација, вклучително и пушењето цигари.
Позадина Орвел наведува дека есејот бил поттикнат од искуството на негов пријател уредник кој имал задача да набљудува пожари кои започнувале од бомбардирањето за време на Втората светска војна. Фабричките работници му рекле дека немаат интерес за литература бидејќи не можат да си дозволат книги.
Есејот прв пат бил објавен во Трибјун на 8 февруари 1946 година.
Аргумент Орвел ја доведува во прашање идејата дека купувањето или читањето книги е скапо хоби. По неговите пресметки, имал 442 книги во својот стан и уште толку на други места, тој одредува низа цени, во зависност од тоа дали книгите биле купени нови, дадени, обезбедени за потребите на преглед или позајмени. Пресметувајќи ја сумата која ја потрошил во текот на неговиот живот тој ги проценил своите годишни трошоци на 25 фунти.
Наспроти тоа, Орвел истакнува дека пред војната трошел околу 20 фунти годишно на пиво и тутун, додека во моментот само за тутун издвојува 40 фунти годишно. Тој проценува дека просечниот жител на нацијата троши приближно 40 фунти годишно на пиво и тутун. Иако забележува дека е тешко да се направи директна споредба меѓу цената на различни книги и нивната вредност, Орвел заклучува дека, кога книгите се читаат за забава, трошокот по час е понизок од цената на кино-билет. Оттука, читањето претставува една од најдостапните форми на рекреација.
Извадоци И ако нашата потрошувачка на книги остане толку ниска како што беше досега, барем да признаеме дека тоа е затоа што читањето е помалку возбудливо поминување на времето од одењето на трки на кучиња, на кино или во паб, а не затоа што книгите, без разлика дали се купени или позајмени, се прескапи.
Реакции Есеите на Орвел во Трибјун, вклучувајќи го и овој, се опишани во Индипендент како едни од најдобрите есеи на англиски јазик. Прашањето што го поставува Орвел продолжува да дава основа за дискусија, како во прегледот на анкета во која еден од четири Американци воопшто не читал книги во 2007 година и дека извршните директори тврдат дека немаат време да читаат литература.
Есејот бил тема на статија во списанието Структо, кое го објавило есејот „Книги наспроти цигари: 63 години подоцна“ во нивното издание од ноември 2009 година.
Поврзано
Џорџ Орвел
Наводи
Надворешни врски
Текст на „Книги наспроти цигари“ Книги наспроти цигари: 63 години подоцна
Категорија:Есеи од Џорџ Орвел