Хариет Болдвин Крајтон (27 јуни 1909 - 9 јануари 2004) — американска ботаничарка, генетичарка и едукаторка. Таа работела со Барбара МекКлинток на цитогенетика во 1930-тите и била избрана за претседателка на Американското ботаничко друштво во 1956 година.
Ран живот и образование Крајтон била родена во Делаван, Илиноис, ќерка на Сајрус Мареј Крајтон и Берта Болдвин Крајтон. Нејзиниот татко бил роден во Канада. Дипломирала на Велслиевиот колеџ во 1929 година, каде што ја пронашла ботаничарката Маргарет Клеј Фергусон како охрабрувачки ментор на факултетот.
Таа го завршила својот докторат на Корнелскиот универзитет во 1933 година. Додека била на Корнел, работела во областа на цитогенетиката на пченката со Барбара МекКлинток. Двете објавиле влијателен труд во 1931 година, во кој за прв пат го опишале хромозомското вкрстување, Овој труд, дел од нејзиното докторско истражување, обезбедил клучни докази дека хромозомите носат и разменуваат генетски информации и оттука дека гените за физички особини се носат на хромозомите.
Кариера По завршувањето на докторските студии, Крајтон предавала на Корнелскиот универзитет и на Конектикатскиот колеџ, а потоа се вратила на Велслиевиот колеџ каде што предавала до нејзиното пензионирање во 1974 година. За време на Втората светска војна, таа паузирала од предавањето за да служи во американската морнарица.
Крајтон во 1940 година била избрана за член на Американското здружение за унапредување на науката. Во 1956 година била избрана за претседателка на Американското ботаничко друштво. Таа држела две предавања на Фулбрајтовата програма, што ја однело на Западноавстралискиот универзитетот во 1952 година и во Куско, Перу, во 1959 година.
Наводи
Категорија:Членови на Американското здружение за унапредување на науката Категорија:Апсолвенти на Велезлискиот колеџ Категорија:Професори на универзитетот „Корнел“ Категорија:Американско ботаничко друштво Категорија:Американски генетичари Категорија:Починати во 2004 година Категорија:Родени во 1909 година Категорија:Американски ботаничари