Бршленолисна каменоломка () — растение од родот каменоломка во семејството на каменоломките (Saxifragaceae), опишано од Карл Линеј. Покрај номиналната форма постои и подвидот Saxifraga hederacea libanotica.

Опис и одлики Ова е едногодишно или двегодишно нежно мало растение, со исправени и полегнати цветни гранчиња. Цветните стебленца се самостојни; кај некои се разгранети од основата а кај други во соцветието, најчесто имаат еден пар листови. Има малку базални листови (5–8), долги 6–8 мм, широки 10–12 мм, бубреговидни или јајцевидни, плитко 3–5-делни, рамни во основата, со ретки жлездести влакна; дршките се подолги од ламината и имаат жлездести влакна; стеблените листови се слични, но помали. Цветни стебленца се високи 5–8 см. Цветовите се најчесто единечни, понекогаш 2–3, со долги дршки. Чашка има зелена боја, долга е до 2,5 мм, со ретки жлездести влакна; чашкините ливчиња исправени или распрснати, долги 1,5 мм, со ретки жлездести влакна. Венечни ливчиња се бели и малку се подолги од чашкините, долги до 3 мм, широко-елиптични. Плодникот е полупотцветен.

Расте на варовнички карпи. Позната единствено за клисурата Демир Капија.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Каменоломка Категорија:Флора на Македонија