Обрабена каменоломка () — вид цветно растение од родот каменоломка во семејството на каменоломките (Saxifragaceae), по потекло од југоисточна Европа. Опис и распространетост Ова е повеќегодишно тревесто растение со густи мали розети што создаваат перничеста формација. Цветните стебленца се самостојни, високи 3–9 см, со спирално распоредени листови и густи жлездести влакна на површината. Розетните ливчиња се мали, најчесто долги 3–4 мм, понекогаш до 10 мм, широки 1,5–2,5 мм, долгнавести до обратно-јајцевидно-лопатовидни, врвот обично тап, со јасен хиалински раб; во долната половина по работ имаат влакненца, одоздола средишно гребеновидно испакнати, обично со 5–7 хидатоди. Стеблените листови се линејно-копјесто-лопатовидни, црвенкасти, со жлездести влакна, на врвот зелени и голи. Цветови иа малку, 2–4, распоредени во цимозно штитовидно соцветие. Чашкините ливчиња се копјести, долги 3 мм, врвот е црвенкав, со густи жлездести влакна. Венечни ливчиња се бели или розови, понекогаш со розови жили, долги 7–10 мм, обратно-јајцевидни, кон основата клиновидни. Прашниците се долги околу 4 мм; филаментите се најчесто розови; столпчињата во врвниот дел се розови.
Расте на варовнички карпи во алпски и субалпски појас. Варијабилност Saxifraga marginata var. marginata — Венечните ливчиња се двапати подолги од ливчињата на чашката (до 8 мм). Листовите на розетата се обратно-јајцевидни, во основата клиновидни, тапи, долги 5-12 мм, широки 3-5 мм. Во Македонија не се среќава оваа варијанта. Saxifraga marginata var. coriophylla — Венечните ливчиња се двапати подолги од ливчињата на чашката (до 8 мм). Листовите на розетата се линејно-лопатовидни, долги 4-6 мм, широки 0.8-1.5 мм. Во Македонија се среќава на Шар Планина, Бистра, Кораб, Дешат - Крчин. Saxifraga marginata var. balcanica'' — Венечните ливчиња се трипати подолги од ливчињата на чашката (до 14 мм). Во Македонија се среќава единствено на клисурите на Мавровска Река и р. Радика. Галерија
Наводи
Категорија:Каменоломка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1822 година