Ќор-сокак () — француски филм на ужасите и трилер на англиски јазик од 2003 г. со елементи на црна комедија, во режија на Жан-Батист Андре и Фабрис Канепа. Премиерата на филмот се одржала на 30 јануари 2003 г.
Содржина Последните 20 години, Френк Харингтон неволно го вози своето семејство на прослава на Божиќ кај неговата баба. Оваа година, тој одлучува да фати скратен пат. Тоа е најголемата грешка во неговиот живот: кошмарот започнува. Таинствена жена во бело лута низ шумата, оставајќи смрт зад себе. Застрашувачки црн автомобил — чиј возач е невидлив — ги носи жртвите во срцето на ноќта. Секој патоказ покажува кон местоназначение до кое тие никогаш не стигнуваат. Преживеаните им подлегнуваат на паниката и лудилото; длабоко закопаните тајни излегуваат на површина, а Божиќ се претвора во жив пекол.
Улоги
| Реј Вајз || Френк Харингтон |- | Лин Шеј || Лора Харингтон |- | Мик Кејн || Ричард Харингтон |- | Александра Холден || Мерион Харингтон |- | Били Ашер || Бред Милер |- | Амбер Смит || жената во бело
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 2003 година Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови на патот Категорија:Американски хорор-филмови