Црвишта (, Капнофито; до 1927 г. Τσερβίστα, Цервиста) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 125 жители (2011).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Мрвачко, во долината на реката Белица, во северното подножје на планината Шарлија, на надморска височина од 440 м. Сместено е на 13 км североисточно од градот Валовишта и 4 км југозападно од Крушево. Во селскиот атар се наоѓаат бројни пештери.

Низ селото тече Шарлиска Река или Кушлу, преименувана 1969 г. во Скотино Рема. На неа е сместен водопадот Скак. Втората мала река која тече низ Црвишта е нарекувана Карадере.

Историја

Во Отоманското Царство Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Червиште со 205 домаќинства, рудари. Според документ од 1625 г. селото имало 197 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228, 300.

Во XIX век Црвишта било мешано село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Црвишта (Tsërvischta) имало 110 домаќинства и 170 жители Македонци и 140 муслимани.

Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 63 македонски и 40 турски домаќинства.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Црквишта имало 670 жители, од кои 350 Македонци, 240 Турци, 50 Власи и 30 Роми. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Црвишта имало 2.408 Македонци под Бугарската егзархија, 760 Македонци под Цариградската патријаршија и 54 Власи. Во него работело бугарско училиште со 1 учител и 57 ученици.

Според митрополитот Емилијан Мелнички, на 24 јануари 1908 година, чета на ВМРО составена од 8 луѓе, предводена од Стојо од Колешино, водела битка во Црвишта со османлиските единици.

Во Првата балканска војна, 17 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 420 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 261 лица.

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а извесен број Македонци принудно биле иселени во Бугарија. На нивно место се населиле 127 бегалски семејства (вкупно 418 бегалци), така што селото повторно станало мешана населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Капнофито (Καπνόφυτο).

Стопанство Селото се смета за мошне богато, населението произведува компири, тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава со сточарството.

Население

Самоуправа и политика Во 1932 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 35 квадратни километри. Општината Црвишта била приклучена во општината Крушево во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.

Селото припаѓа на општинската единица Крушево со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Црвишта, во кој е единствено село.

Личности Родени во Црвишта

Стојан Воденичаров — деец на ВМРО, кмет на селото

Наводи

Категорија:Синтика