Андреј Георгиев Христов (Велес, 6 декември 1866 — ?) — македонски револуционер и војвода. Деец на Македонската револуционерна организација. Учесник во Илинденското востание и член на Велешкиот револуционерен реон. Помогнал со снабдување за Крушевската Република.

Животопис лево|мини|250x250пкс|Војводи на состанок во Осогово околу март 1903. Седнат одлево надесно: Панајот Бајчев, Питу Гули, Коста Мазнеjков, Христо Чернопеев, Андреј Христов, Тодор Христов. Директно од лево кон десно: Никола Жеков, Константин Кондов, Сотир Атанасов, Тимо Ангелов, Никола Дечев и курирот Никола Сарафов. Андреј Христов е роден на 6 декември 1866 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Се приклучил во друштвото „Свети Сава“ заедно со Даме Груев. Во јуни 1888 година Светомир Николаевиќ помогнал со префрлувањето на ученици од Солун во Белград, меѓу нив биле Петар Поп Арсов и Христов. На 22 ноември истата година, Андреј Христов поднесол, заедно со други Македонци во Србија, жалба против Српската пропаганда во Македонија и нејзиното вмешување во Македонското прашање.

Стекнал више образование во Софискиот универзитет по хемија во 1893 година. Учителствувал во Охрид, Крушево и Станимака. Се приклучил во Македонската револуционерна организација околу втората половина на 1890-тите. Во 1898 година бил дел од бирото за Охридскиот револуционерен реон заедно со Владимир Бојаџиев, Александар Чакаров, Георги Николов, Никола Филипчев и Никола Заров. Следната година имало нов состав со: Андреј Христов, Владимир Бојаџиев и Иван Групчев.

Поради неговото учество во Виничката афера, на 27 јуни 1902 година бил уапсан од Отоманската влада и интерниран во Битола. Истата година бил дел од бирото на Крушевскиот револуционерен реон. За време на Илинденското востание, Христов помогнал со основањето на Крушевската Република и нејзиното снабдување. Во 1904 година се приклучил во Велешкиот револуционерен реон. Дејствувал како нејзин претседател меѓу 1905-1906 година. Околу тоа време учителствувал во Велмеј.Райчевски, Стоян. Дипломатические документы о разорении болгар в Македонии и Одринском крае в ходе реформ 1904 – 1905, София, 2007, стр. 25 Во 1906 година бил уапсан и интерниран во Скопје со четири години казна.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Родени во 1866 година Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на МРО Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски хемичари Категорија:Отомански Македонци