Кејбел Каловеј III (25 декември 1907 – 18 ноември 1994) бил американски џез пејач, текстописец и водач на бенд. Тој бил редовен изведувач во клубот „Котон“ во Харлем, каде што станал популарен вокалист од свинг ерата. Неговиот начин на мешање џез и водвиљ му донесло признание за време на кариерата што траела повеќе од 65 години.
Каловеј бил мајстор на енергично скет пеење, и водел еден од најпопуларните танцувачки бендови во САД од почетокот на 1930-ти до крајот на 1940-ти години. Неговиот бенд ги вклучувал трубачите Дизи Гилеспи, Џона Џонс и Адолфус „Док“ Читам, саксофонистите Бен Вебстер и Леон „Чу“ Бери, гитаристот Дени Баркер, басистот Милт Хинтон и тапанарот Кози Кол.
Каловеј бил првиот Афроамериканец кој имал радио емисија на национално радио. Во 1993 година, Каловеј го добил Националниот медал за уметност од Конгресот на Соединетите Американски Држави. Тој постхумно ја добил наградата Греми за животно дело во 2008 година. Неговата песна „Minnie the Moocher“ била примена во Греми Салата на славните во 1999 година и додадена во Националниот регистар на снимки на Конгресната библиотека во 2019 година. Во 2022 година, Националниот филмски регистар ги избрал неговите домашни филмови за зачувување како „културно, историски или естетски значајни филмови“. Тој бил примен во Салата на славните на Биг Бенд и Џез и во Меѓународната џез сала на славните.
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница на Училиштето за уметности „Кеб Каловеј“ Интервју за усна историја на NAMM (1993)
Категорија:Американски блуз пејачи Категорија:Американски пејачи и пејачки од 20 век Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Американски џез-пејачи Категорија:Пејачи од Њујорк Категорија:Починати во 1994 година Категорија:Родени во 1907 година