Роберт Акри (1 октомври 1918) — 25 јули 2013) — американски џез пијанист. Акри дипломирал во средното училиште „Остин“ во Чикаго. Додека бил во средното училиште „Остин“, ја започнал својата кариера во оркестарот на шоуто на Дејв Гаровеј што се емитувало на NBC. Тој бил класично обучен пијанист, учејќи со Рудолф Ганц и Фред Јуинг. Исто така, студирал композиција со Доктор Карел Џирак и Бил Русо. За време на неговата кариера, свирел во радио оркестрите на NBC и ABC, како и во хаус бендот на ноќниот клуб во Чикаго „Мистер Келис“. Тој бил на турнеја со Хари Џејмс и ги придружувал Лена Хорн,Мајк Даглас ,Ела Фицџералд, Барбара Стрејсенд , Бади Рич и Вуди Херман. Дипломирал и магистрирал музика на Рузвелтскиот универзитет во доцните 1970 години.
Акри издал 2 соло албуми со инструментални песни во 2001 и 2004 година. „Sleep Away“, композиција од неговиот истоимен албум од 2004 год, била избрана од Мајкрософт во 2009 како примерок за демо изданието на Windows 7, како демонстрација на новоиздадената верзија 12 на Windows Media Player. Наводи
Категорија:Италоамериканци Категорија:Починати во 2013 година Категорија:Родени во 1918 година
Категорија:Џез пијанисти Категорија:Џез-музичари