УЕФА Лига на шампиони 1999-2000 - прва групна фаза била првата фаза на натпреварување во УЕФА Лигата на шампионите во сезоната 1999-2000. Натпреварувањето се играло од 14 септември do 3 ноември 1999 година, а учествувале 32 екипи поделени во осум групи од по четири екипи кадешто екипите во групата играат едни против други по двапати на домашен и гостински терен, што значи дека секоја екипа игра по шест натпревари во групата. Секоја победа во групата носела по три бода, додека за нерешен резултат се добивало по еден бод. На крајот од групната фаза, првопласираните и второпласираните екипи од секоја група се пласирале за втората групна фаза на Лигата на шампионите.
Од 32 екипи учеснички во првата групна фаза на Лигата на шампионите 1999-2000, единаесет биле дебитанти: АИК, Боавишта, Бордо, Челси, Фјорентина, Херта, Лацио, Марибор, Молде, Валенсија и Вилем II.
Правила на натпреварување На крајот од првата групна фаза, првопласираните и второпласираните екипи од сите групи се пласирале во втората групна фаза на Лигата на шампионите, додека третопласираните екипи обезбедиле учество во третото коло на Купот на УЕФА 1999-2000. Во случај две или повеќе екипи да имаат ист број бодови на крајот од групната фаза, пласманот на табелата се одредува според следниве критериуми: Поголем број освоени бодови во меѓусебните натпревари, Гол-разлика во меѓусебните натпревари, Поголем број постигнати голови на гостински терен во меѓусебните натпревари, Гол-разлика во сите натпревари во групата, Поголем број постигнати голови во сите натпревари во групата, УЕФА коефициент.
Резултати
Група А ЕкипаБодОНПНИДГПГГР 146420133+10 76213880 76141770 46114212-10
Група Б ЕкипаБодОНПНИДГПГГР 146420199+10 9623197+2 86222990 16015416-12
Наводи