Clive Barker’s Hellraiser: Revival (македонски: Господарите на пеколот на Клајв Баркер: Преродба) — претстојна компјутерска игра во жанрот ужас за преживување, развивана од страна на Saber Interactive во соработка со Boss Team Games. Играта е дел од медиумската франшиза Господари на пеколот.

Играчки процес Играта претставува ужас за преживување од прво лице. Играчот ќе се движи низ пространство налик на лавиринт, решавајќи различни загатки и бранејќи се од месните чудовишта со помош на артефакт наречен „Конфигурација Генезис“.

Содржина Една ноќ, сенобитите предводени од Пинхед упаѓаат во домот на младиот Ејдан и ја грабнуваат неговата девојка Сани, бидејќи таа ја отворила Кутијата, станувајќи плен на пеколните суштества. Ејдан ги следи право во нивното пространство во облик на лавиринт, каде што мора да ја најде и спаси својата девојка, но и да ја открие тајната на „Конфигурацијата Генезис“ — артефакт што Ејдан го наоѓа за време на неговото патување.

Развој и издавање Пет дена пред официјалната најава, Saber Interactive пуштила веб-страница со одбројување и објавила тизер на своите социјални мрежи. Играта била официјално најавена на 22 јуни 2025 г. Планирано е да биде издадена за конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X/S, како и за сметачи со Windows.

Даг Бредли се враќа во улогата на Пинхед, а творецот на франшизата, Клајв Баркер, е целосно вклучен во развојот на играта, што ја прави Hellraiser: Revival трет проект за видеоигра со негово непосредно учество (по Undying и Jericho).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за PlayStation 5 Категорија:Игри за Xbox Series X/S Категорија:Ужаси за преживување Категорија:Видеоигри од САД