Ред на Змејот или Друштво на Змејот (,Engel P. The Realm of St. Stephen: A History of Medieval Hungary, 895—1526 . I. B. Tauris, 2005. P. 210. Societatis Draconistarum,Rezachevici C. From the Order of the Dragon to Dracula // Journal of Dracula Studies. 1 (1999). ) — витешки ред, основан во 1408 г. од страна на кралот на Унгарија, Сигизмунд I Луксембуршки, за заштита на унгарскиот кралски дом од внатрешни и надворешни непријатели, како и на Католичката црква од еретици, муслимани и пагани.

Во српската фолклорна традиција, за основач на Редот на Змејот се смета легендарниот херој Милош Обилиќ.

Заднина По поразот кај Никопол (1396), Сигизмунд се соочил со баронска опозиција што не ја сакала неговата самостојна власт. Пресметката влегла во решавачка фаза во 1403 г., кога водачите на опозицијата, палатинот Детре Бебек и канцеларот Јанош Канижаи, како одговор на одбивањето на Сигизмунд да ги отстрани своите странски сојузници (Херман Цили, Филипо Сколари, Сцибор од Сциборжице и др.), го повикале на унгарскиот престол кралот на Неапол, Владислав.

Владислав ја окупирал Далмација, бил крунисан во август 1403 г. во Задар како крал на Унгарија, но уште пред декември се вратил во Неапол, оставајќи го во Далмација својот босански вазал Хрвое Вукчиќ Хрватиниќ. Во меѓувреме, благодарение на решителните акции на војсководците на Сигизмунд, востанатите барони се предале. Поддржувачите на кралот ги зазеле клучните позиции во државата; на пример, Миклош Гараи станал палатин. Во 1405 г., Сигизмунд се оженил со Барбара, ќерката на Херман Цили, со што станал зет на Миклош Гараи, кој бил оженет со другата ќерка на Херман — Ана. Лигата Гараи-Цили ја сочинувала основата на власта на Сигизмунд.

Основање На 12 декември 1408 г., по повод победата во Босна, Сигизмунд го воспоставил витешкото кралско Друштво на Змејот, со цел уште повеќе да ги обедини членовите на семејствата Цили, Гараи и другите негови најблиски соработници. Како пример за новото здружение бил земен Редот на Св. Ѓорѓи, основан во 1326 г. од унгарскиот крал Карло Роберт. Статутот на Редот го изработил канцеларот Еберхард, епископ на Орадеја. Текстот на статутот е зачуван во препис од 1707 г. и бил објавен во изданието Codex Diplomaticus Hungariae ecclesiasticus ac civilis во 1841 г. Папата Григориј XII го одобрил основањето на Редот. По иницијатива на Сигизмунд, бил развиен раскошен ритуал за витешко посветување и состаноци.

Наводи

Надворешни врски

Regesta Imperii

Категорија:Витешки редови Категорија:Кралство Унгарија Категорија:Свето Римско Царство Категорија:Унгарско благородништво