Мелникич (, Меленикици; до 1926 г. Μελεγκίτσι, Меленкици) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 621 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.
Географија и местоположба Селото е сместено во Серското Поле, на 11 км северозападнно од градот Сер и на 13 км источно од селото Просеник, во западните падини на планината Шарлија, на надморска височина од 120 м.
Мелникич е рамничарско и ридско-планинско село, кое е потполно споено со соседното Топалово.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Мелникич бил македонско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Мелникич (Melnikitch) имало 102 домаќинства и 328 жители Македонци.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Мелникич имало 550 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Мелникич имало 640 Македонци под врховенство на патријаршијата и во селото работело грчко училиште.
Во Грција За време на Првата балканска војна Мелникич е окупиран од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 455 жители. Во 1920 г. броело 388 жители.
Во 1926 година, името на селото било променето во Меленикици (Μελενικίτσι). Во селото никогаш не биле сместени бегалци, а поради високиот наталитет, населението постепено пораснало. Во пописот од 1928 г. се евидентирани 535 луѓе, од кои 469 Македонци и 61 лице од други населби и општини.
Стопанство Населението произведува големи количини на памук, жито, фуражни и други земјоделски производи. Поради поволните услови за сточарење, особено во ридско-планинскиот атар на селото, внимание му се посветува и на сточарството.
Население
Самоуправа и политика Во 1919 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 28,3 квадратни километри. Општината Мелникич била приклучена во општината Просеник во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Долна Џумаја.
Селото припаѓа на општинската единица Просеник со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Долна Џумаја, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мелникич, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Архангели“ од 1856 г.
Личности Родени во Мелникич
Георги Мухчинов (1866 - 1899) — војвода на ВМОК Димитар Карпачев — револуционер на ВМРО, четник Прокопиј Мелнички (? - 1891) — епископ на Мелничката епархија на Цариградската патријаршија Тома Поп Стојанов (1887 - 1946) — деец на ВМРО
Починати во Мелникич
Костадин Иванов (1876 - ?) — македонски револуционер Никола Николиев (? - 1904) — македонски револуционер, војвода на ВМРО
Наводи
Категорија:Долна Џумаја