Општина Борован () — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Врачанската област. Административен центар е селото Борован. Општината има 5.522 жители (2022).
Географија Општината е сместена во централниот дел на Врачанската област. Со површина од 210,729 км2 зазема 8-мо место меѓу 10-те општини во областа, што претставува 5,82% од територијата на областа.
Релјефот на општината е целосно рамничарски, заземајќи делови от западната Дунавска Рамнина. Просечната надморска височина се движи помеѓу 100 и 200 метри. На територијата на општината нема големи реки, но поминат неколку мали водотеци, притоки на реката Ск’т.
Самоуправа Општината се состои од 5 населени места, сите со статус на села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:
Борован Добролево Малорад Нивјанин Сираково
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина Борован
Борован