Благој Јорданов Абрашев (Велес, 7 јануари 1912 — Берово, 24 септември 1944) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната борба. Деец на Комунистичката партија на Југославија и подоцна Комунистичката партија на Македонија. Борец од македонската бригада „Гоце Делчев“.
Животопис лево|мини|238x238пкс|40 Македонци ликвидирани во Берово. Благој Абрашев е роден на 7 јануари 1912 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од велешкото семејство Абрашеви во градската населба Дворови. Неговиот брат Тодор Абрашев бил меѓу првите дипломирани лекари во повоена Македонија. Освен тоа, Тодор бил учител на првата генерација на велешки гимназијалци во НР Македонија. Нивниот татко Јордан се занимавал со занает. Благој стекнал основно образование во неговиот мајчин град. Во 1927 година продолжил со гимназиско образование во Неготин, тогаш дел од Кралството Југославија.
Во 1931 година продолжил со неговото више образование во Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун. Завршил со неговото образование во 1935 година. Истата година се приклучил во Југословенската војска како дел од неговиот воен рок. Во 1936 година се вработил во фабриката „Зорка“ во Шабац. Таму работел сѐ до 1941 година кога почнала Априлската војна. За неколку недели, Југославија била поделена меѓу Царството Бугарија, Фашистичка Италија и Третиот Рајх. Истата година била основана Независна Држава Хрватска.
Во мај 1941 година се вратил во Велес. Се приклучил во Комунистичка партија на Југославија. Се вработил како завршен инженер агроном. Во 1942 година, бугарската фашистичка администрација го префрлиле во Пловдив каде работел со градскиот институт за полјоделство. Незадоволен со условите, истата година се вратил во Вардарска Македонија каде бил назначен за околиски агроном во Свети Николе.
Во 1943 година безволно се приклучил во Бугарската војска. Поради тоа бил сместен во Софија каде помогнал им помогнал на воздухпловната сила на Бугарија. После државниот удар од Татковинскиот фронт на 9 септември 1944 година, Абрашев се приклучил во Комунистичката партија на Македонија. Истата година се приклучил во македонската бригада „Гоце Делчев“. Како дел од првата чета на вториот баталјон, учествувал во ослободувањето на Источна Македонија. На 5 октомври 1944 година, за време на ослободувачката битка на Берово, Абрашев загинал.
После Народноослободителната борба, неговите посмртни остатоци биле префрлени во Велешката спомен-костурница. Во негова чест, една улица во Дворови го носи неговото име.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Берово Категорија:Родени во 1912 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Дејци на КПМ