Рогозенското богатство (), наречено откритие на векот, е тракиско богатство.
Откривање Откриено било случајно во есента 1985 година од страна на трактористот Иван Димитров, додека копал дупка за систем за наводнување во својата градина во бугарското село Рогозен. На 6 јануари 1986 година, археолошки тим составен од Богдан Николов, Спас Машов и Пламен Иванов од Регионален историски музеј во Враца, открил втора половина, составена од 100 сребрени и позлатени сребрени садови.
Опис Се состои од 165 садови, вклучувајќи 108 фијали, 55 бокали и 3 пехари. Предметите се сребрени, а некои од нив се со златна позлата, со вкупна тежина од повеќе од 20 кг. Богатството е непроценлив извор на информации за животот на Тракијците, поради разновидноста на мотивите кај богато украсените предмети. Датира од 5-тиот до 4-тиот век п.н.е.
Галерија
Почести Островот Рогозен во близина на островот Роберт, Јужни Шетландски Острови, бил именуван по населбата Рогозен во врска со Рогозенското богатство.Rogozen Island SCAR Composite Gazetteer of Antarctica
Поврзано Панаѓурско богатство В’лчитрнско богатство Луковитско богатство Боровско богатство
Белешки
Надворешни врски Сребреното богатство од Рогозен
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Бугарија Категорија:Богатства во Бугарија Категорија:Тракиски археолошки предмети Категорија:Сокровишта од класичната антика Категорија:Археолошки откритија во 1985 година