Општина Дрјаново () — општина во Централна Бугарија, една од составните општини на Габровската област. Административен центар е градот Дрјаново. Има 9.209 жители (2022).

Географија Општината е сместена во северниот дел на Габровската област. Со својата површина од 274,16 км2 го зазема 4-то место меѓу општините на областа. Релјефот е претежно ридски и нископланински, зафаќајќи делови од Предбалканот.

Самоуправа Општината се состои од 63 населени места, од кои 1 град и 62 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Балалеја Балванците Банари Билкини Бучуковци Ганчовец Гења Геша Глушка Гоздејка Големи Б’лгарени Горни Врпишта Горни Драгојча Гостилица Грња Денчевци Дл’гња Добрените Долни Врпишта Долни Драгојча Доча Дрјаново Дурча Еленците Заја Игнатовци Искра Јантра Каломен Караиванца Катранџии Керека Косарка Косилка Крнча Кукља Куманите Кртип’ња Малки Б’лгарени Маноја Муцја Нејчовци Пејна Петковци Плачка Прша Раданчето Радовци Ритја Руња Русиновци Саласука Скалско Славејково Соколово Станча Сухолоевци Сјаровци Туркинча Царева Ливада Чуково Џуровци Шушња

Поврзано Габровска област Општини во Бугарија

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Дрјаново

Дрјаново