Мартин Хенрихсен Вал (; роден на година - починал на година) — данско-норвешки ботаничар и зоолог.
Биографија Мартин Вал бил роден во Берген, Норвешка, каде што завршил катедрално училиште. Студирал ботаника на Универзитетот во Копенхаген, а потоа на Универзитетот во Упсала под менторство на Карл Линеј.
Бил уредник на значајни ботанички трудови како Flora Danica (св. XVI-XXI) (1787 — 1799), Symbolæ Botanicæ (I-III) (1790 — 1794), Eclogæ Americanæ (I-IV) (1796 — 1807) и Enumeratio Plantarum (I-II) (1804 — 1805). Од 1779 до 1782 г. предавал во Ботаничката градина на Универзитетот во Копенхаген.
Вал реализирал неколку истражувачки патувања низ Европа и Северна Африка во периодот меѓу 1783 и 1788 г. Во 1786 г. станал професор во Друштвото за природна историја при Универзитетот во Копенхаген, а од 1801 година па сѐ до неговата смрт работел како редовен професор по ботаника. Во 1792 г. бил избран за странски член на Кралската шведска академија на науките. Неговиот син Јенс Вал, исто така, станал познат ботаничар.
Наводи
Литература Christensen, Carl (1932) Martin Vahl, pp. 85–88 in: Meisen, V. Prominent Danish Scientists through the Ages. University Library of Copenhagen. Levin & Munksgaard, Copenhagen.
Надворешни врски Факсимил на „Enumeratio plantarum“, Hauniae, 1805–1806.
Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Апсолвенти на Универзитетот во Упсала Категорија:Птеридолози Категорија:Дански миколози Категорија:Починати во 1804 година Категорија:Родени во 1749 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки