Дуко (Омотско, – ?) — мајстор-градител од Костурско, претставник на Брациговската школа.

Животопис Роден е околу 1726 г. во селото Омотско, Нестрамско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Во 1791 г. се преселил во Брацигово заедно со поголем број сонародници. Се занимавал со градежништво. Учествувал во изградбата на мостот на Марица во Пазарџик, заедно со Драго, Велчо и Бозо од Орешец, Марко Зисо, Ванчо Устабаши, Зога, Ѓуро, Христо Грнето, Јорго, Фиљо и Михо Копаран од Омотско и Канчо од Слимница. Во 1805 г. изградил мост на Стара Река, околу 4 км источно од градот Пештера.

Поврзано

Брациговска школа

Наводи

Категорија:Претставници на Брациговската школа Категорија:Македонски преселници во Брацигово