Cerinthe — род на цветни растенија од семејството Boraginaceae, познати како медоносни треви. Родот се карактеризира со чашка составена од одделни, а не споени, чашкини ливчиња, цевчесто венечно ливче и шизокарпичен плод кој се дели на два дела при зрелост, за разлика од повеќето членови на семејството, каде што плодот се дели на четири ореви. Родот има распространетост околу Медитеранот, почнувајќи од Ирано-туранскиот регион на исток до Мароко на запад.
Видови од овој род растат и во Македонија.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 96-97 издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Cerinthe е позната уште од античко време. Во книгата „Билката“ од Џон Жерар, објавена во 1597 година, се споменува и се опишува нејзиниот изглед, навиките на раст, времето на цветање, а се споменува и тоа дека „има вкус како на млад восок во цветовите или како изџваканите лисја“. Жерар дава список на други имиња за Cerinthe што ги користеле претходни писатели, вклучувајќи ги Авицена, Плиниј Постариот, Конрад Геснер, Ремберт Доденс, Карл Клузиј и Матијас де л'Обел.
Етимологија Името на родот е составено од грчките елементи κερί / κηρός (= keri / kēros или keeros) „(пчелин) восок“ и άνθος (= anthos ) „цвет“ - од каде доаѓа „восочен цвет“ - од верувањето дека пчелите ваделе восок од цветовите за да ги направат своите саќе.
Видови Прифатени се шест вида.Cerithe L. Plants of the World Online. Retrieved 24 July 2024.
Cerinthe glabra Mill. - расте во Македонија Cerinthe major L. - расте во Македонија ова се варијанти со виолетови и пурпурни цветови. Cerinthe minor L. - - расте во Македонија Cerinthe palaestina Eig & Sam. Cerinthe retorta Sm. - расте во Македонија Cerinthe tenuiflora Bertol.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија