Свети Ѓорѓи Политиски () — средновековна црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата „Пресвета Богородица Елеуса“. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.

Храмот е подигнат во XI век, но од тој период се зачувани само делови од источниот ѕид. Во следните неколку векови, самата градба претрпела повеќе промени, од кои најзначитлените се случиле во XIX век, кога била проширена и живописана во стил типичен за тоа време.

Во 1962 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Градбата претставува трикорабна базилика со припрата на северната страна. Средновековната апсида има големи сличности во изведбата и надворешната декорација со апсидата на црквата „Св. Јован Претеча Позерски“.

Црквата има впечатлива икона на Св. Ѓорѓи со кириличен натпис, дело на зографот Митро од Света Гора, пренесена од „Св. Ѓорѓи на Ридот“.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Споменици на културата во Костур