Бејлик Маала ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα — село во Општина Довишта во Серскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 20 километри југоисточно од градот Сер и на 10 километри јужно од Тополјани.

Селото се наоѓа на надморска височина од 5 метри.

Историја Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската Каза во составот на Отоманското Царство. Бејлик Маала било населено исклучливо со Македонци. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 65 семејства со 208 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 118-119.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 450 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 608 македонски гркоманиBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 198-199., и функционирало грчко училиште.

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 230 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 252 жители.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1927 година, селото било преименувано во Валтотопи.

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 39 грчки семејства со 156 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 488 лица, додека во 1940 година селото броело 1054 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 745 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 745 жители, во 1971 година имало 823 жители, во 1981 година имало 667 жители, додека во 1991 година имало 556 жители. Денеска, населението на селото е 846 жители според пописот од 2011 година.

Знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1999 г.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Довишта