Абајска Област (, ) — област во источен Казахстан. Создадена е на 8 јуни во 2022 г. со одвојување од Источноказахстанската Област. Административен центар е градот Семеј, до 2007 г. наречен Семипалатинск. Нејзините граници приближно одовараат на оние на старата Семипалатинска Област, укината во 1997 г. и споена со Источноказахстанската Област.
Областа е наречена по поетот и мислител Абај Кунанбаев (1845-1904), роден на нејзината територија.
Географија Абајската Област се граничи со Источноказахстанската Област и Синѓанг на исток, Павлодарската Област и Алтајскиот Крај на север, Карагандинската Област на запад и Жетисуската Област на југ.
Окрузи мини|400п|Окрузите во Абајската Област во 2024 г. Областа се состои од градовите Курчатов и Семеј, како и следниве 10 окрузи:Прирачник за историјата на административно-територијалната структура на Семипалатинската Област. - Семипалатинск, 2006.Правовые акты Указы - О некоторых вопросах административно-территориального устройства Республики Казахстан Абај, седиште: Карауил Ајагоз, седиште: Ајагоз Аксуат, седиште: Аксуат Бескарагај, седиште: Бескарагај Борудулиха, седиште: Борудулиха Жанасемеј, седиште: Семеј Жарма, седиште: Калбатау Кокпекти, седиште: Кокпекти Маканши, седиште: Маканши Уржар, седиште: Уржар
Наводи
Надворешни врски
Портал на Абајската Област
Категорија:Држави и територии настанати во 2022 година