Меѓународното здружение за емпириско проучување на литературата и медиумите (IGEL) или Internationale Gesellschaft für Empirische Literaturwissenschaft претставува научно друштво кое има за цел промовирање на емпириски пристап кон проучувањето на литературата и културата.
Историја Здружението било основано во 1987 година од Зигфрид Ј. Шмит од Универзитетот во Зиген, а во 2010 година станало регистрирано здружение како фондација во Холандија.
Претседател бил Моник Кујперс.
Управување Здружението го водел управен одбор, а членови на одборот биле претседателот, потпретседателот, благајникот, секретарот, членот на Одборот, уредникот на списанието и студентскиот претставник. Одборот се избира на двогодишен состанок што обично се одржувало во август/септември со мандат од две или четири години.
Листа на претседатели на IGEL:
1987-1988: Зигфрид Ј. Шмит, Универзитет во Зиген 1988-1990: Елруд Ибш, Универзитет VU во Амстердам 1990-1992: Артур К. Грасер, Универзитет во Мемфис 1992-1994: Ласло Халаш, Унгарска академија на науките 1994-1996: Стивен Тотоси де Цепетнек, Универзитет во Алберта 1996-1998: Елс Б. Андринга, Универзитет во Утрехт 1998-2000: Џералд Ц. Купхик, Универзитет во Торонто 2000-2002: János László, Универзитет во Печ 2002-2004: Дејвид С. Миал, Универзитет во Алберта 2004-2006: Вили ван Пер, Универзитет во Минхен 2006-2008: Макс Луверс, Универзитет во Мемфис 2008-2012: Мариса Бортолуси, Универзитет во Алберта 2012-2016: Френк Хакемулдер, Универзитет во Утрехт 2016-2020: Дон Куикен, Универзитет во Алберта 2020-: Мониек Кујперс, Универзитет во Базел
Конференции Друштвото одржува конференции на секои две години, наизменично помеѓу Европа и Северна Америка.
1987: Зиген 1990: Амстердам 1992: Мемфис 1994: Будимпешта 1996: Едмонтон 1998: Утрехт 2000: Торонто 2002: Печ 2004: Едмонтон 2006: Минхен 2008: Мемфис 2010: Утрехт 2012: Монтреал 2014: Торино 2016: Чикаго 2018: Ставангер 2021: Ливерпул 2022: Орландо (онлајн) 2023: Монополи
Публикации „Научно проучување на литературат“ (SSOL) претставува официјалното списание, а членството во вклучува претплата на SSOL.
Поврзано
Когнитивна лингвистика Когнитивна психологија Литературна теорија
Наводи
Надворешни врски
Официјална веб-страница Здружение за психологија на естетиката, креативноста и уметноста Меѓународно здружение за емпириска естетика (IAEA) Здружение за поетика и лингвистика (PALA) Здружение за текст и дискурс За фикцијата. Психологијата на фикцијата Литература, когниција и мозок
Категорија:Меѓународни научни друштва Категорија:Книжевни друштва