мини|Александар Скрјабин во 1900 година Сонатата за пијано бр. 2 во гис-мол, оп. 19 од Александар Скрјабин (исто така наречена Соната-Фантазија) била објавена во 1898 година, но процесот на пишување траел цели 5 години. Конечно била објавена во 1898 година, под притисок од неговиот исдавач. Делото е напишано во два става, со стил кој комбинира шопеновски романтизам со импресионистички ефект. Делото е широко ценето и е едно од најпопуларните дела на Скрјабин.

Првиот став, Анданте, е напишан во сонатана форма, започнува со мрачни акорди, и делува на ехо. По оваа прва тема, следат две лирски тематски теми. Првата тема е во гис-мол, но двете лирски теми се во Х-дур (паралелниот дур на гис-мол). По кратка кулминација во развојот, делото модулира во Е-дур (и го поминува тоналитетот цис-мол) во рекапитулацијата, а лирските делови се повторуваат со покомплицирана придружба. Вториот став, Престо, е огромен контраст на првиот став, тој е многу брз и интензивен. Наизменичното крешендо и декрешендо може да му даде на слушателот впечаток на бранови.

Бетовеновата „Месечева соната“ му го овозможила луксузот на Скрјабин на почетен бавен став во неговата Втора соната, чија програма гласи вака: „Првиот дел ја претставува тишината на јужната ноќ на морскиот брег; развојот е темната возбуда на длабокото, длабоко море. Средниот дел во Е-дур ја прикажува нежната месечина што се појавува по првата темнина на ноќта. Вториот став го претставува огромниот океански простор во бурна возбуда.“

Типично за Скрјабиновите пијано сонати, оваа е технички и музички тешка за пијанистот. Типична изведба трае околу 11 минути.

Наводи

Снимки

Скриабин соната за пијано бр. 2 во гис-мол, оп. 19 игра Марија Перота

Категорија:Композиции во гис-мол