Мала Капела — планински венец во Хрватска, а воедно и дел од Динарските Алпи која се протега во правец северозапад-југоисток и од планинскиот превој наречен „Капела“ или „Врх Капеле“ од 887м надморска височина што го одделува од Велика Капела, па сè до планинскиот превој што ги поврзува Оточац и Плитвице, а оттаму до Личка Пљешевица.

Највисок врв е Селишки врв на 1279м, кој се наоѓа во јужниот дел од планината, а Тунелот Мала Капела поминува низ северниот дел од планината.

Етимологија Во минатото, планинскиот превој до 1522 година бил познат како Алпес фере, Гоздиа и Петургозд, кога поради капелата Свети Никола (порано Свети Микула) населението почнало да го нарекува Капела.

Се смета дека превојот бил местото каде што хрватскиот крал Петар Сначиќ загинал во Битката на планината Гвозд (1097), која претходно погрешно била идентификувана со Петрова Гора.

Наводи

Библиографија

Категорија:Планини во Хрватска Категорија:Координати на Википодатоците