Бранко Азески (р. , ) — македонски стопанственик и претседател на Стопанската комора на Македонија од 2005 година.
Биографија Бранко Азески е роден на 31 јануари 1962 година во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што работел како асистент по Уставно право на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита.
Во периодот на СФР Југославија бил претседател на Социјалистичката младина на Македонија. По осамостојувањето на државата работел во повеќе институции и компании од јавниот и приватниот сектор.
Од 1998 до 2003 година бил генерален директор на хотелот Александар Палас во Скопје. Потоа ја извршувал функцијата извршен директор на GS1 Македонија.
Во 2005 година бил избран за претседател на Стопанска комора на Република Македонија, функција што ја извршува повеќе мандати. Во текот на неговото раководење, Комората учествувала во активности поврзани со економскиот развој, регионалната соработка и поддршката на бизнис-заедницата во Република Македонија.
Во 2016 година бил именуван за почесен конзул на Црна Гора во Скопје, а функцијата ја извршувал до 2021 година.
Бранко Азески во период од 2024 до 2026 година, е водител на емисијата "Бизнис клуб" каде е во 2 сезони. Емисијата е во соработка со Стопанска комора, и се емитува на Наша ТВ.
Надворешни врски