Слеп човек (или момче) и морски нуркач — народна приказна раскажана низ целиот Гренланд, Канада и во делови од Соединетите Американски Држави, иако најчесто прераскажувана од говорниците на Инуитите и Атабасканците.
Приказна Слепо момче живее со насилна старателка, мајка, баба или маќеа и сестра. Еден ден, во нивниот камп пристигнува бела мечка. Низ прозорецот на нивната куќа, слепото момче ја застрелува мечката, а неговата старателка го лаже, кажувајќи му дека промашил, а потоа го чува месото од мечката за себе и за сестрата, но сепак сестрата му носи месо на момчето во тајност. мини|Обичен морски нуркач Момчето оди на езеро, каде што е повлечен под вода од страна на еден нуркач. Нуркачот го носи момчето под вода, неколкупати излегувајќи на површина за да земе здив и секој пат кога ќе излезеле на површина, момчето добива малку повеќе вид и така до крајот, неговиот вид бил целосно вратен.
Сега кога веќе може да гледа, момчето учествува во лов на китови белуга на плажа каде неговата старателка исто така доаѓа, каде што нејзина задача е да управува со сидрото за харпунското јаже. Јажете било врзано околу нејзиниот струк, а нејзината задача била да се повлече назад и да се потпре на китот, но китот ја извлекува во морето, затоа што момчето не ѝ помогна да се повлече назад или затоа што намерно проба да улови кит кој е преголем, а големиот кит ја повчече во водата и таа се загуби. Во некои изданија таа станува нарвал, а косата ѝ станува рог.
Изданија „Сонце и месечина“ е проширена инуитска верзија на приказната, во која биле додадени неколку подоцнежни настани, а завршува со тоа што братот и сестрата станале сонцето и месечината.
Визуелна уметност Приказната е популарна тема во уметноста на Инуитите.
Печати
Во 1960-тите, уметницата од Пувирнитук, Аиса Купикруалук, изрезбала колекција од 5 фигурини од сапуница кои прикажуваат различни сцени од приказната.
Екрански адаптации
„Ѓерданот на морскиот нуркач“ е канадски филм од 1948 година, инспириран од Цимшиевата верзија на приказната. „Лумаак“ е краток анимиран филм од 1975 година на Ко Ходеман, инспириран од верзијата на приказната од Повунгнитук. Lumaajuuq е анимиран, краток филм од 2010 година на Алетеа Арнакук-Барил .
Наводи
Категорија:Канадски фолклор Категорија:Птици во митологијата Категорија:Митологии на домородните народи на Северна Америка Категорија:Митологија на Инуитите Категорија:Северноамериканска митологија