Нижеполски манастир — нов манастир во битолското село Нижеполе.
Местоположба
Манастирот се наоѓа на влезот во селото, до кој води асфалтен пат.
Историја
Црквата, како и манастирскиот комплекс околу него, била направена од здружение на одметнати калуѓерки од Македонската православна црква (МПЦ), кои заедно со некогашниот епископ Јован Вранишкоски ја создале поранешната Православна охридска архиепископија, паралелна црковна структура која во 2023 по решавањето на црковниот спор помеѓу МПЦ и СПЦ била официјално припоена кон МПЦ.
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, конаци и многубројни помошни објекти.
Црква „Св. Јован Златоуст“
Главната манастирска црква е посветена на Свети Јован Златоуст.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Нижеполе Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири во Битолското архијерејско намесништво