мини|Теснолисно седефче
Седефче () — род на силно мирисливи зимзелени грмушки од семејството на седефчињата (Rutaceae). Високи се 20–60 см и домородни во Средоземјето, Макаронезија и југозападна Азија. Родот има десет члена. Најпознат вид е обичното седефче (Ruta graveolens), единствениот присутен во Македонија.
Листовите се двоперести или триперести налик на перјаница, по боја зелени до јарко синозелени. Цветовите се жолти, со по 4–5 венечни ливчиња со пречник од 1 см и распоредени во метлички. Плодот е 4-делна до 5-делна чаура и содржи многу семиња.
Видови По податок од септември 2021 г. Plants of the World Online прифаќа десет видови: Ruta angustifolia Pers. — теснолисно седефче Ruta chalepensis L. — ресесто седефче Ruta corsica DC. — корзиканско седефче Ruta graveolens L. — обично седефче Ruta lamarmorae Bacch., Brullo & Giusso — Ламарморино седефче Ruta lindsayi Turrill — Линдзиево седефче Ruta microcarpa Svent. — малоплодно седефче Ruta montana (L.) L. — планинско седефче Ruta oreojasme Webb — планиномирисно седефче Ruta pinnata L.f. — пересто седефче
Во народната медицина Екстрактите од седефчето се користеле за очен замор, конјунктивитис и како одвраќач на инсекти. Се внесувал како спазмолитик, за менструални проблеми, како предизвикувач на пометнување и како седатив. Ruta graveolens and Ruta chalepensis are often confused in scientific literature.
Traditional uses
Седефчето е национално цвеќе на Литванија и за него се напишани многу песни. Се носи на свршувачки, свадби и кога девојката сака да роди машко дете. Растението се одгледува и во Америка, Западна Европа, Азија и Африка. Како диво растение расте од Канарските Острови до Средоземното Море. Познато е многу векови и него го користеле уште Старите Грци.
Ресестото седефче (Ruta chalepensis) во Етиопија се нарекува Тена'Адам (Адамово здравје) и наоѓа широка примена во етиопската култура како додаток во кафе и чај, во зачини како бербере и како лек за стомачни проблеми и главоболка.https://zehabesha.com/tenaadam/
Уште од средниот век се додава во вино (бело и црвено) за подобрување на вкусот и негово зачувување. Во Италија се става во лозова ракија. Сепак, неговата токсичност е одамна позната.
Во бразил растението се нарекува аруда, и се смета дека штити од уроци. Истото верување е присутно и кај сефардските Евреи.
Во народното лекување седефчето се употребувало за помош со варање и олеснување на стомачни маки. Има дејство против запаление, и затоа се земало против болка во зглобовите и артритис.
Мерки на претпазливост мини|Плускавци од обичен руј на топло време Кога седефчето се нанесува на кожата, потоа истата не смее да биде изложена на сонце бидејќи маслото предизвикува плускавци. Некои луѓе се многу почувствителни од други. Изложеноста на обичното седефче и препарати од него може да предизвика сериозно воспаление на кожата (фитодерматитис), при што доаѓа до плускавци на кожата налик на изгореници. Механизмот на ова дејство сè уште не познат.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Седефчиња Категорија:Билки Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Македонија