Натунско Море () — пространо плитко море сместено околу дистриктот Натуна, кое се протега на југ од Риауските Острови, на исток од дистриктот Линга и на запад од Борнео па се до островите Банга Белитунг.
Островите на архипелагот Бадас и Тамбелан се наоѓаат во неговиот центар, а морето е сместено претежно во индонезиските територијални води и претставува најјужниот дел од Јужнокинеското Море и геолошки дел од Сунда Шелф, а воедно и се поврзува со Јаванското Море на југоисток преку теснецот Каримата и Гаспар источно и западно од Белитунг, а со Малачкиот Проток на запад преку Берхала и Сингапурскиот Проток.
Меѓународната хидрографска организација (МХО), во својето трето издание (1953) од книга Граници на океаните и морињата не го навел Натунското Море и наместо тоа, областа опфатена со Натунското Море се сметало за јужен дел од Јужнокинеското Море.
Во нацрт-верзијата на Границите на океаните и морињата“на МХО од 1986 година било предложено Натунското Море, кое се протегало јужно од островите Натуна и Анамбас до островите Белитунг.
Севернонатунско Море
лево|мини|Натунско Море Во јули 2017 година, Индонезија ги преименувала северните делови од својата ексклузивна економска зона во Јужнокинеското Море во „Севернонатунско Море“, кое се наоѓа северно од индонезискиот дистрикт Натуна и граничи со ексклузивната економска зона на јужен Виетнам.
Севернонатунското Море се наоѓа помеѓу островите Натуна и ’ртот Ка Мау на јужниот врв од делтата Меконг во Виетнам.
Поврзано Западнофилипинско Море
Наводи
Категорија:Мориња во Индонезија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на индонезиски