Securigera securidaca — вид на растение првпат опишан од Карл Линеј, а сегашното име го добил од Арпад фон Деген и Дорфл. Член е на родот Rosycronium од семејството бобови, Fabaceae. Во Каталогот на животот не се наведени подвидови.
Опис Едногодишно растение, 10-40 см високо, од основата разгрането. Стебленцата се голи или со ретки влакна. Листовите се со 5-8 пара ливчиња, а ливчињата се голи, во основата клиновидни, на врвот речиси рамни и со кусо врвче. Соцветијата се главичести, со 4-8 цвета. Чашката е гола или со четинести влакна. Венчето е жолто, мешунката линејна, широка 3-5 мм.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, том I, св. 5, стр. 1357 издавач: МАНУ, Скопје, 2001
Во Македонија Расте по тревести места и покрај грмушести растенија.
Забележан е овој вид во Жеденска Клисура, кај село Дворце.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бобови Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа