Selaginella helvetica — растителен вид од родот Selaginella и семејството Selaginellaceae. Распространет е од Европа преку Мала Азија и регионот на Кавказ до Источна Азија.
Опис
Ова е мало растение. Гранчињата се полегнати по почвата и вкоренети. Ливчињата се зелени, издолжено овални, тапи или речиси тапи, целокрајни или ситно назабени, распоредени во 4 реда, од кои двата горни се со мали, а двата долни со големи ливчиња. Спорофилните класови се поединечни или по два, и долги до 5 см. Дршката на класот е долга 3 см, и е со ливчиња со еднаква форма. Спорофилите се овални и заострени на врвот. Макроспорофилите обично се во долниот дел на класот, а микорспорофилите во горниот дел.
Во Македонија Во Македонија расте по влажни карпи и почви, и е доста често растение. Се среќава речиси насекаде: Јакупица, Китка, Прилепско, Битолско, Преспанско, Мариово и Кочанско, а се наведува и за Даутица, Бабуна, Плачковица, Беласица, Ниџе и други места.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 43, МАНУ, Скопје, 1985
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа