Национална установа Музеј – Куманово — археолошки, историски и етнографски музеј во градот Куманово, Република Македонија.
Добитник е на многу награди, вклучувајќи ја и Ноемвриската награда двапати - во 1972 и 1986 година.
Местоположба Музејот се наоѓа веднаш северно од средиштето на градот, на улицата Тодор Велков. Сместен е во вилата на богатиот индустријалец од Лесковац, Живко Стоилковиќ, изградена во 1926 година во типичниот стил на кумановската урбана архитектура. Во дворот се наоѓа лапидариумот.
Историја Музејот бил основан во 1951 година како Градски музеј и архив. На 21 декември 1964 година е основана независна институција , Историскиот музеј, кој во 1979 година е преименуван во Народен музеј – Куманово. На 27 јули 2004 година, музејот е реорганизиран како Национална установа Музеј – Куманово.
Одделенија Музејот има 5 одделенија: археолошко, историско, етнографско, уметничко и одделение за евиденција, документација и заштита. Сместува 7000 експонати, презентирани преку постојаната изложба и преку повремени тематски изложби. Површината на постојаната изложба на приземје и на кат е 250 м2.
Археолошките експонати се во 4 збирки: праисторија, антика, среден век и нумизматика. Тие потекнуваат од 250 археолошки наоѓалишта во Кумановскиот регион, од кои 14 се делумно проучени.
Најголемо е историското одделение, кое има 4 збирки: национално револуционерно движење, меѓувоен период, комунистички отпор за време на Втората светска војна и социјалистички период.
Етнографското одделение има неколку збирки: народни носии и ткаенини – најбројни, предмети за лична употреба, кујнски предмети, народно стопанство, народни музички инструменти и народни обичаи.
Наводи
Категорија:Појавено во 1951 година во Југославија Категорија:Музеи во Куманово Категорија:Историски музеи во Македонија Категорија:Етнолошки музеи во Македонија Категорија:Археолошки музеи во Македонија