Народен музеј на Црна Гора — музеј што се наоѓа во историското средиште на Цетиње. Бил основан во 1926 година.

Организациски единици Музејот претставува комплексен тип и се состои од неколку организациски единици:

Историски музеј, Музеј на кралот Никола, Музеј на Петар II Петровиќ Његош, Мавзолеј на Његош на Ловќен, Релјефот на Црна Гора и Мавзолеј на владиката Данило и други.

Самите музеи се наоѓаат во градби кои претставуваат културно-историски споменици од огромно значење. Управното седиште се наоѓа во Владиниот дом, кој бил изграден во 1910 година. Во неа се сместени постојаните изложби на историскиот и уметничкиот музеј.

Историја Во 1836 година, бил создаден посебен простор за изложување на трофејно оружје, знамиња и црковни предмети. 52 години подоцна (во 1890 година), музејот бил преместен во зградата на Лабораторијата, а набргу потоа бил донесен Законот за Кнежевската црногорска библиотека и музеј, а во зградата на Зетската куќа бил основан музеј.

Музејот конечно бил основан во 1926 година.

Попрецизна документација се чува во музејот од 1976 година.

Постојаната изложба е основана во 1989 година. Името конечно е променето во 1992 година во името што го носи и денес.

Голем број вредни предмети биле украдени од музеите на различни начини во текот на 20 век. Ова прашање го истражувала комисија предводена од Јован Маркуш и постигнала делумен успех. Според некои извори, биле украдени над 3.000 предмети.

Поврзано Владин дом во Цетиње

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Музеи во Црна Гора Категорија:Цетиње Категорија:Култура на Црна Гора